Линда Јакарино, директорката на компанијата X, објави дека се повлекува од својата позиција.

Извршната директорка на компанијата X, Линда Јакарино, објави дека се повлекува по две години на чело на платформата во сопственост на милијардерот Илон Маск.

Таа рече дека „најдоброто допрва доаѓа, бидејќи „X“ влегува во ново поглавје“ со компанијата за вештачка интелигенција на Маск, xAI, производител на четботот Grok.

Маск ја ангажирал Јакарино во мај 2023 година, откако го купи Twitter за 44 милијарди долари кон крајот на 2022 година, објави АП.

Тој тогаш рекол дека нејзината улога во голема мера ќе биде фокусирана на водење на деловните операции на компанијата, додека тој лично ќе се фокусира на дизајнот на производите и новите технологии.