Дефанзивецот на Бристол Сити, Камерон Принг, се очекува да отсуствува 12 недели откако заработи повреда на лигаментите на глуждот за време на тренинг кампот на тимот во Португалија, обајви „Би-Би-Си спорт“.
27-годишниот лев бек треба да се оперира откако ќе биде прегледан во Бристол. Ова е четвртата повреда што Принг ја има заработено за помалку од една година, пропуштајќи 14 натпревари од Чемпионшип минатата сезона поради проблеми со тетивата и повреда на долниот дел од ногата во октомври.
Принг ги пропушти и последните два натпревари од регуларната сезона, но се врати за да го започне реваншот од нивниот пораз во полуфиналето на плејофот од Шефилд Јунајтед во мај.
Фото: Принтскрин