Со нож избодени најмалку 11 лица во Мичиген

Со нож избодени најмалку 11 лица во Мичиген

пред 11 месеци

Најмалку 11 лица беа избодени синоќа со нож во Волмарт во Траверс Сити, Мичиген. Полицијата соопшти дека напаѓачот е приведен. Повредените се хоспитализирани. Шестмина од нив се во критична состојба, додека петмина други се во сериозна состојба.

Траверс Сити е околу 410 км северозападно од Детроит. Шерифот на Траверс Сити, Мајкл Шеј, изјави дека оружјето употребено во нападот е нож. Се води истрага за мотивите за нападот.

Текстот Со нож избодени најмалку 11 лица во Мичиген е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top