Португалскиот фудбалер Жоао Феликс потпиша за Ал Наср пред неколку дена, иако беше на прагот да се врати во Бенфика. За Феликс зборуваше и неговиот поранешен соиграч Саул Нигез, кој објасни зошто Португалецот немаше брилијантна кариера како што се очекуваше.
„Фудбалот е тимски спорт. Тој ги имаше сите потребни квалитети за да стане фантастичен фудбалер, но не е важно колку си добар и талентиран, бидејќи ако не работиш напорно и не даваш 100 отсто од себе, тогаш сè е залудно“, рече Саул.
Новиот играч на Фламенго истакна дека тој и некои играчи на Атлетико се обиделе да му го објаснат ова на Феликс кога виделе дека не се труди доволно на тренинзите.
„Многумина од нас се обидоа да му помогнат на Феликс и да му ги објаснат овие работи, но ако тој не го сака тоа, тогаш тоа е крајот на приказната.“
Феликс во летото 2019 година за сума од 126 милиони евра му се приклучи на Атлетико од Бенфика. Само на моменти го покажуваше својот талент, учествуваше во освојувањето на шампионската титула во 2021 година. Атлетико го испраќаше на позајмици во Челси и Барселона, а минатото мето го продаде во Челси за 52 милиони евра. Пред неколку дена Ал Наср за 30 милиони евра го откупи неговиот договор.
Foto/ „X“