Дефинитивно пукна љубовта меѓу Џанлуиџи Донарума и Пари Сен Жермен. Еден од најзаслужните за освојувањето на титулата во Лигата на шампионите ќе го напушти „Паркот на принцовите“.
Актуелниот европски шампион одлучи да го отстрани италијански голман од списокот на првиот тим, бидејќи не сака да го продолжи договорот.
Донарума, кој дојде во Париз во 2021 година, побара поголема плата, но сопствениците на клубот не ги прифатија неговите услови.
Бидејќи неговиот договор истекува на крајот од следната сезона, Пари Сен Жермен сака веднаш да го продаде, за да не си замине без обештетување како што тоа е случи минатото лето со Килијан Мбапе.
Челзи, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Галатасарај и неколку тимови од Саудиска Арабија се заинтересирани за услугите на Италијанецот.
Инаку, на местото на Донарума, во ПСЖ ќе дојде голманот на Лил Лука Шевалие. За овој трансфер „свеците“ ќе издвојат 40 милиони евра.
Foto/ EPA/FILIP SINGER