На Табановце и Богородица се чека по 30 минути

На Табановце и Богородица се чека по 30 минути

пред 6 часа

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце и ГП Богородица времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Текстот На Табановце и Богородица се чека по 30 минути е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top