Во Рашче има приведени поради пукање на свадба

Во Рашче има приведени поради пукање на свадба

пред 4 месеци

Две лица беа приведени вчера во скопското село Рашче поради пукање на семејна веселба.

„Околу 22 часот во СВР Скопје е пријавено дека се слушаат истрели во селото, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и утврдено е дека Е.К. и Б.К. со гасни пиштоли пукале на свадба“, соопшти МВР.

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Текстот Во Рашче има приведени поради пукање на свадба е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top