Поранешниот министер за здравство на Латвија, Петерис Апинис, им даде на своите сограѓани необичен, но сериозен совет – однапред да се подготват за можни кризни ситуации и нестабилност.
Во гостувањето на ТВ „24“, Апинис препорача секое домаќинство да си обезбеди скривалиште на својот имот, со закопување цврсто буре на десетина метри од куќата. Како што нагласи, садот мора да биде доволно отпорен за да не може да се оштети од глодачи или влага.
Според него, во такво засолниште е потребно да се стават основни прехранбени производи со долг рок на траење, кои не бараат готвење, како и доволна количина вода за пиење. Апинис исто така советува да се издвои мала количина готовина бидејќи во услови на сериозни нарушувања, таканаречениот час X, банкарските картички би можеле да станат бескорисни.
Поранешниот министер додаде дека во буре треба да се стават и копии од важни документи, како и семејни реликвии, како што е антички накит, што се наследува, со цел да се зачуваат најскапоцените работи во случај на вонредна состојба.
„Ваквите мерки може да обезбедат минимум безбедност и континуитет на животот во услови на нестабилност“, порача Апинис.
Фото: ЕПА
Текстот Во ЕУ на граѓаните им се советува да си изградат кризен бункер е превземен од МАКФАКС.