Вест Хем најде голман во Лестер

Вест Хем најде голман во Лестер

пред 3 дена

Мадс Хермансен се пресели од Лестер во Вест Хем.

Данскиот голман потпиша петгодишен договор со „Чеканите“, кои платија 23 милиони евра за него, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.

„Навивачите можат да очекуваат од мене да донесам добра енергија за да му помогнам на тимот на најдобар можен начин. Среќен сум што се приклучив на Вест Хем, одлуката да дојдам тука беше многу лесна. Слушнав многу добри работи за клубот, играв против Вест Хем во Лондон минатата сезона и тоа беше одлично искуство. Олимпискиот стадион е неверојатен со гласни, страствени навивачи, тоа е она за што сонувате“, рече Хермансен, кој ќе го носи дресот со број еден во својот нов клуб.

Хермансен одигра 28 натпревари за Лестер во сите натпреварувања минатата сезона. Во текот на својата кариера, тој настапуваше и за Брондби.

Вест Хем ќе биде домаќин на Сандерленд во првото коло од Премиер лигата на 16 август.

Share
Scroll to Top