Малезија сака да ја врати Ф1

Малезија сака да ја врати Ф1

пред 2 дена

Големата награда на Малезија на патеката во Сепанг се возеше од 1999 до 2017 година и беше една од омилените на многу фанови во караванот. Сега веќе долго време е отсутна од календарот, но постои иницијатива да се врати.

Директорот на патеката, Азан Шафриман Ханиф, рече дека нема да биде лесно, Формула 1 да се врати во Малезија.

„Не сакаме да ги повториме грешките од минатото. Дозволивме Формула 1 да си оди и сега е многу тешко да се вратиме. Има листа на чекање за враќање, а секако трошоците се многу високи. Ни беше кажано дека компензациите се 70 милиони долари по трка. Тоа не ги вклучува трошоците за подготовка, кои се помеѓу 2,3 и 4,7 милиони долари за секој настан. Вкупно, враќањето на трката би нè чинело повеќе од 73 милиони“, рече Шафриман и додаде

„Има многу заинтересирани луѓе и нема да биде лесно. Но, ако сме навистина сериозни, можеби можеме да ги започнеме разговорите. Сите, од владата до корпоративниот сектор, сакаат да ја вратат Формула 1 во Малезија. Мора да погледнеме како го прави тоа Сингапур. Сите се вклучени во успехот – министерствата, корпоративниот сектор, хотелите. Сите придонесуваат. Мора да работиме на ист начин.“

Во 2017 година, Малезија се повлече од Формула 1 бидејќи трошоците на организацијата растеа, а продажбата на билети опаѓаше.

Share
Scroll to Top