Xiaomi планира да престане да испраќа ажурирања на софтверот на шест телефони.

Кинеската компанија Xiaomi планира да ја прекине софтверската поддршка за шест уреди под брендовите Xiaomi, Redmi и Poco.

Ова значи дека нема да бидат доставени повеќе поголеми ажурирања или безбедносни закрпи за овие телефони по завршувањето на циклусот на поддршка.

Доколку имате постар телефон Xiaomi, проверете ја листата на телефони кои повеќе нема да добиваат ажурирања на софтверот:

Xiaomi 11T (крај на поддршката 23. септември 2025.)

Xiaomi 11T Pro (крај на поддршката 23. септември 2025.)

Xiaomi 11 Lite 5G NE (крај на поддршката 23. септември 2025.)

Redmi A1 (крај на поддршката 23. септември 2025.)

Redmi A1+ (крај на поддршката 23. септември 2025.)

Poco M5 (крај на поддршката 6. септември 2025.)

На корисниците им се препорачува да надградат на понов телефон Xiaomi доколку имаат некој од телефоните на листата. Иако гореспоменатите модели ќе продолжат да функционираат нормално, тие нема да добиваат закрпи за најновите ранливости пронајдени кај Android и Xiaomi уредите.

Xiaomi веќе најави мноштво телефони кои ќе доаѓаат со поддршка за шест години ажурирања на софтверот.