Популарната алатка за прилагодување на почетниот екран на Android официјално ја заврши својата долгогодишна кариера.

Една од најпопуларните апликации за персонализирање на Android телефони – Nova Launcher – официјално завршува со развојот, потврди нејзиниот креатор Кевин Бери.

Бери, кој ја развиваше апликацијата независно со години, ја напушти компанијата Branch, која го презеде проектот во 2022 година. Тој рече дека планирал да ја направи апликацијата Nova Launcher со отворен код, но му било кажано да престане да работи на тоа.

„Поминав месеци чистејќи го и подготвувајќи го кодот, но донесена е одлука да се прекине работата на проектот“, рече Бери.

Иако апликацијата ќе продолжи да работи на телефоните што веќе ја имаат инсталирано, нема да има повеќе ажурирања или поддршка. Ова значи дека со текот на времето, како што се менува оперативниот систем Android, Nova Launcher ќе има сè потешкотии да биде во чекор со новите функции.

Веста предизвика огромна врева во заедницата на Android. На форумите и социјалните мрежи, корисниците изразуваат жалење и истакнуваат дека Nova Launcher беше „легендарна алатка“ што значително придонесе за популарноста на Android.

За потсетување, Nova Launcher беше меѓу најценетите апликации за прилагодување на почетниот екран, дозволувајќи им на корисниците да менуваат икони, распоред, гестови и бројни други детали што ги претворија стандардните Android телефони во целосно персонализирани уреди.