Трансферот на Лојд во Реал зависи од Монако и Валенсија

Трансферот на Лојд во Реал зависи од Монако и Валенсија

пред 1 ден

Кошаркарот на Монако, Џордан Лојд, постигна договор со Реал Мадрид. За да биде реализиран трансферот, Реал покрај со Монако, ќе треба да се договори и со поранешниот клуб на Лојд, Валенсија.

Лојд импресионираше со своите настапи во дресот на Европското првенство, каде што заедно со Матеуш Понитка даде клучен придонес во пласманот на селекцијата на Игор Миличиќ во четвртфиналето.

Поранешниот кошаркар на Валенсија, Црвена звезда и Зенит имаше просек од 22,4 поени, 3,3 скока и 2 асистенции по натпревар.

Вчера, вицешампионот на Евролигата го официјализираше доаѓањето на плејмејкерот на Бурса, Давид Мишино, а два дена претходно во клубот пристигна и Немања Недовиќ.

Монако ги има на позаицијата плејмејкер, Мајк Џејмс, Метју Стразел и Ник Калатес, а на позицијата бек шутер Ели Окобо и Тери Тарпеј.

Лојд требаше да има важна улога во тимот и следната сезона, но поради неговите одлични игри на Евробаскетот, неколку клубови од Евролигата го контактирале неговиот менаџер.

Како што тврди шпанската „Марка“, Реал се издвојува. Лојд и „кралскиот клуб“ постигнале договор, но Монако би можел да го блокира трансферот, исто како и Валенсија.

Доколку Реал постигне договор со Монако, ќе мора да ја чека и одлуката на Валенсија.

Валенсија има право на „тантео“ ако Лојд се врати во шпанската лига – што значи дека можат да ја изедначат понудата на Реал и да го потпишат играчот под истите услови.

Лојд беше прашан по натпреварот помеѓу Турција и Полска за потенцијален трансфер во Реал Мадрид, а неговиот одговор беше: „Немам коментар“.

Треба да се напомене дека Лојд веќе соработувал со сегашниот тренер на Реал Мадрид, Серџо Скариоло, кога двајцата беа дел од шампионскиот тим на Торонто Репторс во НБА.

Фото/ Принтскрин

Share
Scroll to Top