Интернетот деновиве беше преполн со лажна информација дека авторката на „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг, боледува од рак. Сè започна со ироничен твит на „Икс“ кој експресно стана вирален и предизвика бран навреди и исмевање.
Портпаролот на писателката брзо реагираше: „Ова известување не е точно. Џ. К. Роулинг нема рак.“
Иако веста беше демантирана, штетата веќе беше направена – социјалните мрежи се наполнија со објави што цинично ја „погребуваа“. Според медиумите, ова ниво на омраза е последица на долгогодишните контроверзии околу нејзините ставови за трансродните лица, поради кои Роулинг често е мета на жестоки критики.