Гори фабрика за пластика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Гори фабрика за пластика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

пред 4 часа

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, потврди дека пожарот е пријавен во фирмата „Нула отпад“, но не соопшти дополнителни детали.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, соопшти дека пожарот е пријавен преку бројот за итни повици Е-112 и дека екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се веќе на терен, каде гори фабрика за пластични работи.

Повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на денот.

Текстот Гори фабрика за пластика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top