(Видео) Волејот на Зубименди му го трасираше патот до победата на Арсенал

(Видео) Волејот на Зубименди му го трасираше патот до победата на Арсенал

пред 5 часа

Фудбалерите на Арсенал рутински го победија Нотингем Форест со 3:0, во четвртото коло од Премиер лигата.

Тимот од Лондон поведе во првото полувреме, а потоа рутински ја потврди победата во второто. На клупата на Форест, неуспешно дебитираше, Ангелос Постекоглу.

Се играше 32-та минута кога Мартин Зубименди постигна еден од најубавите голови оваа сезона во Премиер лигата.

По корнерот на Мадуеке, реагираше одбраната на „шумарите“, поточно Крис Вуд, кој ја испрати топката со глава надвор од шеснаесетникот и право на ногата на Мартин Зубименти кој со волеј ја испрати зад грбот на Селс. .

Со гол предност, Арсенал отиде на пауза, а веднаш по враќањето во 46-та минута, Виктор Ѓекерес постигна гол по додавање од Ебречи Езе за 2:0.

Стрелецот на првиот гол, Зубименди, стави точка на натпреварот со асистенцијата за Ландро Тросар во 79-та минута од натпреварот.

Сенка на победата фрли повредата на Мартин Одегард кој се поврди во раната фаза на првото полувреме и мораше да го напушти теренот.

Арсенал е на првото место со девет бода, но и натпревар повеќе од другите тимови. Додека Нотингем Форест е на 11-та позиција со четири бода.

Во следната рунда Арсенал во дербито ќе го пречека Манчестер Сити, а Нотингем гостува кај Барнли.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top