Истрагата за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк продолжува, а гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврди дека осомничениот Тајлер Робинсон бил во романтична врска со својата цимерка која е во процес на транзиција од машки во женски пол. Кокс изјави дека таа целосно соработува со ФБИ и не знаела ништо за нападот.
Истражителите проверуваат и порака што Робинсон наводно ја оставил пред атентатот. Според гувернерот, осомничениот бил радикализиран преку „мрачната интернет култура“ и видеоигри, а не преку семејството.
Робинсон (22) доаѓа од конзервативно мормонско семејство во Јута, но последните години неговите ставови се менувале. На чаурите од оружјето биле пронајдени антиидеолошки пораки и мемови од видеоигри, што дополнително ја усложнува сликата за можниот мотив.
Иако бил израснат во републиканско семејство, останува нејасно дали убиството имало политичка позадина. Робинсон е во притвор и очекува официјално обвинение наредната недела.
Текстот Гувернерот на Јута: Убиецот на Кирк бил во врска со трансродна цимерка е превземен од МАКФАКС.