(Видео) Деби гол на неуништливиот Модриќ за триумф на Милан

(Видео) Деби гол на неуништливиот Модриќ за триумф на Милан

пред 12 часа

Фудбалерите на Милан ја победија Болоња (1:0) на „Сан Сиро“ во натпреварот од третото коло на италијанската Серија А.

Херој на Росонерите беше 40-годишниот Лука Модриќ, кој го постигна својот прв гол во дресот на славниот клуб во 61-та минута.

Крајот на натпреварот го обележа интересна ситуација судијата Матео Марченаро покжа на пенал, но откако ја прегледа снимката го поништи, а потоа му покажа црвен картон на тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, кој „полуде“ по таа одлука.

Милан на крајот стрепеше за победата, иако беше подобар во текот на целиот натпревар, дури четири пати неговите ја погодија стативата.

Тоа го направија еднаш Первис Еступињан и Самуеле Ричи, а двапати напаѓачот Сантијаго Хименез.

Милан ја оствари втората победа сезонава, има шест бода, додека Болоња остана на три бода, освоени во дуелот со Комо.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top