Се затвора депонија за отпад во Никуштак, локацијата не ги исполнува еколошките стандарди, одлучи Меџити

Се затвора депонија за отпад во Никуштак, локацијата не ги исполнува еколошките стандарди, одлучи Меџити

пред 6 часа

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донел одлука за затворање на несoстандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково, соопштија од неговиот кабинет.

Во одлуката, Меџити посочува дека оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди.

„Одлуката е донесена во согласност со законот за државна администрација и законот за животна средина, почитувајќи го принципот на висок степен на заштита и превенција од штетни последици.
Наредбата стапува на сила веднаш“.

Текстот Се затвора депонија за отпад во Никуштак, локацијата не ги исполнува еколошките стандарди, одлучи Меџити е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top