Времето денеска претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Во наредните денови следува период на претежно сончево време, освен в среда кога ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. В среда и в четврток ќе дува умерен, по должината на Повардарието засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Текстот Претежно сончево, кон крајот на денот со зголемена облачност е превземен од МАКФАКС.






