Вистинската СДС се покажува на дело, кандидати за советници од Струмица крвнички тепаат странски државјани. Кандидатите за советници во Советот на општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој воедно е и претседател на младите на СДС и Илија Стојанов, крвнички тепаат странци во Струмица, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Целата македонска јавност увиде на каков начин СДС владее во Струмица, ширејќи страв и трепет врз останатите жители или туристи кои биле во тој период во градот. Да нагласиме дека освен овие насилници кои ги видовме во видеото, има и други кандидати за советници од СДС имаат кривични пријави, а за еден има и прекршочна пријава за насилство. Јасно е дека СДС во Струмица знае само за еден пристап, а тоа е заплашување на народот и физичка агресија врз него“.
СДС, додава тој, наместо да понуди визија, програма и идеа, тие нудат тепачи и насилници да бидат дел од советничката листа на СДС во Струмица.
„Во однос на оваа крвничка тепачка од страна на насилниците од СДС врз странски државјани, јавноста мора да знае дека МВР има поднесено кривични пријави, но секако погодувате, судството нема донесено никаква правна разрешница“.
Според него, тие луѓе не смеат да бидат нашата иднина, и побара осуда и оградување од страна на СДС и локалното раководство.
„Бараме и правда и одговорност. Време е за вистинска промена во Струмица“.
Текстот (Видео) Манасиевски: Кандидатите за советници во Советот на општина Струмица, крвнички тепаат странци во Струмица е превземен од МАКФАКС.