(Фото) Вандали ја уништија новата теретана во Паркот на франкофонијата, боксерската вреќа е исчена

(Фото) Вандали ја уништија новата теретана во Паркот на франкофонијата, боксерската вреќа е исчена

пред 1 месец





Катчето за рекреација, кое неодамна беше направено на барање на жителите во рамки на маалските средби, утрово беше затекнато уништено.

Токму новата современа теретана во Паркот на франкофонија стана мета на вандали – преку ноќ некој се обидел да ги запали реквизитите, а вреќата за бокс била исечена со нож и целосно уништена.

Случајот е пријавен во МВР.

Новата теретана содржи 17 справи и требаше да добие и специјална тревна подлога за поголема безбедност при користење. Покрај тоа, оштетено е и фудбалското игралиште во паркот.






Share
Scroll to Top