Саркастичен пост за Јунајтед, па катастрофа во Турција – вечерта на Онана што стана хит на мрежите

Саркастичен пост за Јунајтед, па катастрофа во Турција – вечерта на Онана што стана хит на мрежите

пред 5 месеци

Манчестер Јунајтед доживеа уште еден тежок удар на социјалните мрежи, и тоа од човек кој минатата сезона важеше за голем проблем на „Олд Трафорд“ – Андре Онана.

Камерунскиот голман, кој летово си замина од клубот, по поразот на Црвените ѓаволи од Брентфорд (3:1) саркастично објави на Instagram:
„И јас бев проблемот, нели?“ – придружено со емотикони за смеа.

Лош настап и во Турција

Само неколку часа подоцна Онана беше повторно на терен, но никако не се прослави. Неговиот Трабзонспор славеше против Карагумрук со 4:3, но токму камерунецот беше виновник за два лесни гола во самиот финиш на мечот.

Во надополнувањето на времето прими два брзи гола за само две минути, со што ја врати драмата иако неговиот тим на крај сепак стигна до победата.

Сè уште без „чиста мрежа“

Од доаѓањето во Турција, Онана има одиграно три меча и сè уште нема сочувана мрежа. Досега прими пет гола во Суперлигата, а првата вистинска шанса за „clean sheet“ ќе ја има наредниот викенд, кога Трабзонспор ќе го пречека неефикасниот Кајсериспор.

И покрај неговите грешки, клубот од Трабзон има одличен старт на сезоната – по седум кола е второпласиран со 14 бодови.

Share
Scroll to Top