Тајсон Картер страда од белодробна тромбоемболија

Тајсон Картер страда од белодробна тромбоемболија

пред 11 месеци

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда ги потврди лошите вести поврзани со плејмејкерот Тајсон Картер.

Американецот вчера бил хоспитализиран во Белград, а клубот потврди дека тој страда од белодробна тромбоемболија, што значи дека ќе има подолга пауза и закрепнување надвор од теренот.

Како што објави неговиот тим, по натпреварот со Фенербахче, Картер се пожалил на болки во градите и стомакот, како и на отежнато дишење.

Брзата реакција на медицинскиот персонал и стручниот штаб била клучна, а играчот веднаш беше префрлен во Клиничкиот центар, каде што му била дијагностицирана белодробна тромбоемболија.

Клубот му се заблагодари на Клиничкиот центар за брзата и професионална интервенција. Во моментов нема прецизна прогноза кога Картер би можел да се врати на теренот, бидејќи го очекува период на лекување и целосно закрепнување.

Белодробна емболија се јавува кога згрутчување на крвта (тромб), обично од длабоките вени на нозете (т.н. длабока венска тромбоза), се откинува и стигнува до белите дробови преку крвотокот. Потоа згрутчувањето блокира дел од пулмоналната артерија, така што тој дел од белите дробови повеќе не може да добие доволно крв и кислород.

Булмоналната емболија е сериозна состојба која бара строг одмор и терапија, а здравствената состојба на американскиот плејмејкер редовно ќе се следи.

Црвена зведа, во Евролигата, во вторник е четврток ќе ги пречека Жалгирис и Реал Мадрид.

Share
Scroll to Top