(Фото) Холивудската актерка во јавност по долго време, сите се прашуваат: „Чие лице е ова?“

(Фото) Холивудската актерка во јавност по долго време, сите се прашуваат: „Чие лице е ова?“

пред 14 часа

Актерката и кантавторка Менди Мур присуствуваше на доделувањето на наградите „Step Up’s Inspiration“ во Лос Анџелес кон крајот на септември оваа година, а деновиве нејзините фотографии се проширија низ интернет.

За таа пригода, таа одлучи да облече црно кожно мини здолниште кое совршено го комбинираше со бел сатенски топ. Облеката ја истакна нејзината видливо витка фигура, а целиот стајлинг го комплетираше со впечатлива шминка и црвен кармин.

Сепак, токму нејзината физичка трансформација крена најмногу прашина.

Обожавателите на актерката беа збунети од нејзината промена на изгледот, три години откако заврши со снимањето на серијата „This Is Us“. Некои дури рекоа дека воопшто не ја препознале на фотографиите, и почнаа да шпекулираат дека Менди направила козметички процедури.

„Искрено сум збунета, не можам да разберам како ова може да биде истата личност. Менди Мур беше природна убавица, зошто би морала да се подложи на процедури до тој степен што стана непрепознатлива?“.

„Жал ми е, но дали некој друг ја видел Менди Мур во последно време? Ова е толку различно од лицето со кое е родена“, „Не сум изненадена дури ни од знаците на стареење, туку од фактот дека оваа личност воопшто не личи на Менди“, беа некои од коментарите на социјалните мрежи.

Менди и претходно предизвика шпекулации за козметички процедури, но никогаш не призна во јавноста. Пред седум години, таа коментираше за гласините дека имала операција на носот.

„Се сеќавам дека видов објава во која пишуваше дека имам операција на носот. Помислив, чудно е – носот ми е прилично несовршен… Не знам, можеби беше чудна фотографија, можеби шминкерот погрешно ми стави шминка или нешто слично. Луѓето мислат дека секој во Холивуд имал операција на носот или нешто слично, но тоа не е секогаш точно“, рече таа во тоа време.

фото: принтскрин

Share
Scroll to Top