Османи: Две нови современи градинки во Чаир, со голем капацитет за сите деца да посетуваат претшколско образование

Османи: Две нови современи градинки во Чаир, со голем капацитет за сите деца да посетуваат претшколско образование

пред 10 часа

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција претстави  проекти за изградба на нови современи градинки.

„Чаир има недостиг од градинки, недоволни капацитети и услови што не одговараат ниту на основните потреби на децата во најкритичниот период од нивниот развој. Имаме градинки каде што три деца делат еден кревет, каде условите во кујните и тоалетите се мизерни, а родителите сами купуваат материјали за своите деца. Тоа мора да се промени“, изјави Османи.

Тој најави изградба на две нови големи градинки со современи стандарди, подготвени од светски познатиот архитект Мишел Ројкинд.

Градинка „Снежана“ е проект кој е мултифункционален и се протега на 40.000 м² на улицата Џон Кенеди.

„На еден простор ќе имаме три функции: паркинг, градинка и училиште со игралиште. Чаир е мала општина и секој метар мора да се искористи паметно и во служба на граѓаните“, истакна Османи. Тој појасни дека подземниот паркинг на две нивоа ќе биде со капацитет од 1.000 паркинг-места.

Градинка „Росица“, пак, е исто така проектирана како современ објект со три нивоа подземен паркинг и голем капацитет.

„Градинка, „Росица“, ќе се гради на површина од 20.000 м² и ќе вклучува: современа градинка со нови услови за престој, исхрана и игра, подземен паркинг на три нивоа со над 520 паркинг-места, како и со простор за игра над објектот, со цел рационално користење на секој квадратен метар во Чаир“, истакна Османи.

Со овие два проекти, ќе го решиме хроничниот проблем со капацитетите на градинките во Чаир и ќе создадеме современи и безбедни простори за нашите деца, додаде Османи.

Тој потсети дека веќе има лично искуство во реализација на вакви проекти, бидејќи токму тој ја обезбеди изградбата и финансирањето на најголемата градинка во Чаир „Бамби“, како министер и член на Владата.

„Јас го започнав овој процес пред години, а сега го продолжувам со визија за секое дете во Чаир да има свое место во градинка“, порача Османи.

Текстот Османи: Две нови современи градинки во Чаир, со голем капацитет за сите деца да посетуваат претшколско образование е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top