Олимпик Марсеј го повлече бројот 30

Олимпик Марсеј го повлече бројот 30

пред 13 часа

Францускиот фудбалски великан, Олимпик Марсеј му оддаде голема почит на својот долгогодишен голман Стив Манданда.

Манданда, кој помина 13 години во два мандати во Марсеј, ја заврши кариерата оваа година.

Пред натпреварот со Ле Авр во Лига 1, легендата на клубот беше поздравена на преполниот „Велодром“, а бројот 30 што го носеше на дресот беше официјално повлечен.

Тоа е невообичаен гест во светот на фудбалот, ваквите почести најчесто се покажуваат во спортови во затворен простор како што се кошарката или хокејот, но Манданда го заслужи ова со оглед на тоа што одигра неверојатни 613 натпревари за клубот.

Тој беше член на тимот што ја освои шампионската титула во 2010 година, а покрај тоа има и три трофеи во Лига Купот. Беше дел и од националниот тим на Светското првенство во Русија, кога Франција го освои златниот медал.

Освен за Марсеј, тој бранеше и за Ле Авр, Кристал Палас и Рен.

Share
Scroll to Top