(Видео) Трамп за уривањето на дел од Белата куќа: „Тоа е музика за моите уши“

(Видео) Трамп за уривањето на дел од Белата куќа: „Тоа е музика за моите уши“

пред 2 месеци

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли критиките поради уривањето дел од Белата куќа за изградба на нова балска сала изјавувајќи дека звукот на градежните машини е музика за неговите уши, пренесе „Хина“.

Демократите, меѓу кои и Хилари Клинтон, го обвинија дека не ја почитува претседателската резиденција откога багерите го урнале источниот дел, каде што се наоѓаат канцелариите на првата дама.

„Градиме балска сала од светска класа. Кога го слушам тој звук, ме потсетува на пари – или поточно, на нивно отсуство, затоа што јас плаќам за тоа“, изјавил Трамп додавајќи дека делумно самиот ги финансира работите, а остатокот ќе го покријат приватни и корпоративни донатори.

Хилари Клинтон го осуди проектот порачувајќи: „Тоа не е неговата куќа. Тоа е вашата куќа. А тој ја уништува“.

Текстот (Видео) Трамп за уривањето на дел од Белата куќа: „Тоа е музика за моите уши“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top