Ландо Норис со спектакуларен круг дојде до пол-позицијата пред трката за Големата награда на Мексико. Квалификациите во Мексико беа брилијантни за возачите на Ферари, лоши за Макс Ферстапен, а ужаси за лидерот во генералниот пласман Оскар Пјастри.
Ландо Норис, во вкупниот пласман има 14 поени помалку од тимскиот колега Пјастри, а утре ќе има шанса да ја преземе лидерската позиција. Пјастри зад себе има ужасни квалификации, заврши на осмото место, но поради казната на Карлос Саинц јуниор ќе стартува како седми.
Норис во последното излегување на патеката забележа нестварно време 1:15.586 минути. Најблиску до Норис беше Шарл Леклер (+0.262), зад него е колегата од Ферари, Луис Хамилтон, кој во трката ќе се обиде да го освои првиот подиум со Ферари.
Во вториот ред до Хамилтон трката ќе ја започне неговиот поранешен колега Џорџ Расел. Возачот на Мерцедес за 36 илјадити делови од секундата имаше подобро време од актуелниот шампион Макс Ферстапен.
До него во третиот ред е Андреа Кими Антонели (Мерцедес). Оскар Пјастри е во четвртиот ред заедно со Исак Хаџар (Рејсинг Булс).
Траката за Големата награда на Мексико в недела се вози од 21 часот.
Во вкупниот пласман Пјастри има 14 поени повеќе од Норис и 40 од Ферстапен.






