Детвилер во сериозна состојба по страшната несреќа со Руеда

Детвилер во сериозна состојба по страшната несреќа со Руеда

пред 2 недели

Швајцарскиот мотоциклист Ноа Детвилер е во тешка состојба и го чекаат неколку операции по сериозната несреќа што ја доживеа во излезниот круг пред Големата награда на Малезија во категоријата Мото3.

Овогодинешниот шампион во категоријата Мото3, Хозе Антонио Руеда, кој го предизвика инцидентот во кој двајцата беа повредени, е буден и свесен.

Тимот на Детвилер, „CIP Green Power“, не објави многу детали за состојбата на младиот Швајцарец, освен дека мора да се подложи на операција.

„Ноа е во добри раце и ве молиме сите да ја почитувате неговата приватност. Во овој момент нема да даваме повеќе информации. Ноа е вистински борец и целиот тим е со него“, се вели во соопштението на францускиот тим.

Руеда се здоби со фрактура на раката и се здоби со бројни контузии во хорор несреќата, но добрата вест е дека прегледите во болницата покажале дека нема сериозни повреди на главата и телото.

foto/ epa

Инцидентот на патеката „Сепанг“ се случи кога возачите тргнуваа кон стартниот редослед, кога Руеда со голема брзина се судри со Детвилер.

Младиот Швајцарец се движеше бавно на тркачката линија поради проблеми со својот мотор, во тој момент Руеда необјасниво се судри со него.

Двајцата завршија на асвалтот, дирекцијата на трката веднаш истакна црвено знаме. На самата патека на двајцата им беше укажана прва помош, по што беа префрлени во болница.

Поради сериозноста на инцидентот, „Топспорт“, нема да објави видео од моментот кога се случи инцидентот.

Share
Scroll to Top