Софтверскиот гигант тврди дека две функции на Windows 10/11 се виновни за падот на перформансите кај одредени корисници.
Microsoft потврди дека две функции во Windows 10 и Windows 11 можат значително да ги забават компјутерите, особено за корисниците кои често користат cloud услуги и синхронизација на датотеки.
Според извештајот на порталот Neowin, најголемиот виновник е OneDrive синхронизацијата, функција која автоматски зачувува и ажурира датотеки помеѓу вашиот локален диск и cloud-от. Кога е активна во позадина, оваа функција може да предизвика оптоварување на процесорот и дискот, особено ако работите со голем број датотеки или постар хардвер.
Друга функција што ја истакна Microsoft исто така влијае на перформансите на системот, иако не прецизираше за која опција станува збор. Компанијата призна дека проблемот е познат и дека работи на подобрување на оптимизацијата во идните ажурирања.
Експертите советуваат корисниците привремено да ја паузираат синхронизацијата на OneDrive или да го ограничат бројот на датотеки што автоматски се синхронизираат за да се подобри брзината на системот.
Се очекува Microsoft да издаде дополнителни закрпи во наредните месеци што треба да го ублажат овој проблем и да ги подобрат перформансите на системите Windows 11 и Windows 10.






