Вулверхемптон го отпушти тренерот

Вулверхемптон го отпушти тренерот

пред 19 часа

Премиер лигата е позната по ниската толеранција на тренерски грешки, а на крајот од 10-то коло беше објавен четвртиот отказ од почетокот на сезоната. Вулверхемптон во моментов не изгледа како тим што ќе биде во елитата следната сезона, па затоа челниците решија цехот да го плати тренерот.

Витор Переира не издржа ниту една година на позицијата шеф на стручниот штаб на Вулверхемптон, а овој потег на раководството не претставува големо изненадување токму поради формата во која се наоѓа тимот.

Вулвс се последни на табелата и се уште се без победа оваа сезона. Вулверхемптон успеа да освои само два бода во 10 натпревари, има најмалку постигнати и најмногу примени голови, а последната капка беше поразот од 3:0 против Фулам во саботата.

Во декември претходната година, Переира ја презеде тренерската палка од Гари О’Нил, а во 38 натпревари оствари учинок од 14 победи, шест нерешени резултати и 18 порази.

Сè уште не е познато кој ќе биде неговиот наследник, но едно е сигурно, кој и да дојде се соочува со тешка задача.

Португалецот е четвртиот стручњак што е отпуштен оваа сезона, а во прашање се три тима што моментално се наоѓаат во зоната за испаѓање:

Тренери кои беа отпуштени оваа сезона во Премиер лигата

Нуно Еспирито Санто: Нотингем Форест – 8 септември
Греам Потер: Вест Хем – 27 септември
Ангелос Постекоглу: Нотингем Форест – 18 октомври
Витор Переира: Вулверхемптон – 1 ноември

Share
Scroll to Top