Во Радишани се гради потпорен ѕид за заштита од одрони

Во Радишани се гради потпорен ѕид за заштита од одрони

пред 6 часа

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, денес изврши увид во изградбата на потпорниот ѕид на улица 50 во населбата Радишани.

Проектот се реализира поради појавата на одрони и пропаѓање на дел од улицата, што го наметна итниот почеток на санацијата. Новиот потпорен ѕид ќе обезбеди поголема сигурност за домовите на граѓаните и ќе спречи можни лизгања на земјиштето.

Од Општина Бутел информираат дека станува збор за едно од најчестите барања на жителите на Радишани, кое конечно се реализира, и покрај проблемите со техничката документација.

Текстот Во Радишани се гради потпорен ѕид за заштита од одрони е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top