Академијата “Маја Балова Интернационал “ стана официјален застапник на премиум пигментите БРОВИ во Македонија. Познатата козметичарка и тренер по трајна шминка, Маја Балова со гордост ја објавува својата нова соработка, дека академијата “Маја Балова Интернационал “ стана официјален застапник за премиум пигментите БРОВИ во Македонија.
Успешната македонка вели дека ова е голем чекор за домашната PMU заедница, која отсега ќе има директен пристап до еден од најреномираните светски брендови во областа на трајната шминка.
„Ова е огромна чест и одговорност. БРОВИ е бренд со кој работам одамна и од прва рака знам колку се квалитетни и стабилни нивните пигменти. Со тоа што станав официјален застапник, им овозможуваме на сите професионалци во Македонија да дојдат до оригинални производи со гаранција за квалитет, едукација и поддршка“, вели Балова.
Најавува дека во тек се подготовки за мастер класи, презентации и обуки посветени на работата со БРОВИ пигментите.
„Целта ни е секоја уметница која работи со ПМУ да има пристап до врвни материјали и современи техники. БРОВИ е симбол на професионализам, и горда сум што токму од Македонија ќе го претставуваме овој бренд“, дополнува жена која сама по себе е бренд и сопственик на салон за убавина повеќе од 20 години.
Маја Балова е штипјанка која ја има не само во нејзиниот матичен град, туку и во Скопје и во сите останати градови.
Академијата „Маја Балова интернационал“ која е поддржана од Министерството за образование, а предводена од Маја Балова, веќе неколку години претставува еден од водечките центри за обука во областа на козметиката и убавината во Македонија.






