Оригиналниот му одговори на португалскиот Роналдо: Вели дека е најдобар на сите времиња? Не се согласувам

Оригиналниот му одговори на португалскиот Роналдо: Вели дека е најдобар на сите времиња? Не се согласувам

пред 10 часа

Интерсна дебата, меѓу оригиналниот и португалскиот Роналдо, го привлече вниманието на фудбалскиот свет.

Кристијано Роналдо неодамна беше гостин на Пирс Морган и во таа прилика даде изјава дека се смета себеси за најдобар играч на сите времиња.

Одговорот дојде од Луис Назарио да Лима Роналдо, популарно познат како „Ил Феномено“, кој не се согласува со Португалецот.

Бразилецот Роналдо, имено, верува дека Кристијано не е најдобриот на сите времиња, но дека влегува на листата Топ 10.

„Кристијано Роналдо вели дека е најдобар во историјата? Некои луѓе имаат многу самодоверба. Претпочитам другите да зборуваат за мене отколку јас да зборувам за себе. Тој е еден од најдобрите играчи во историјата, но дали е најдобар? Не се согласувам. Но, го почитувам неговото мислење; тој е сигурно меѓу најдобрите во историјата и би рекол дека е меѓу првите десет“, рече Луис Назарио да Лима Роналдо.

Тој беше најдобар играч во светот три пати и ги освои сите можни клупски и репрезентативни трофеи.

Кристијано Роналдо ја освои Златната топка пет пати, а исто така ги освои сите можни трофеи во клубот, но сепак му недостасува најголемиот, трофејот наменет за победникот на Светското првенство.

Share
Scroll to Top