Шефот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, наводно е подготвен да продаде дел од својот удел од 33 отсто во тимот, кој се проценува на рекордни пет милијарди евра. Се вели дека Волф, кој ќе остане на своите должности како извршен директор и шеф на тимот, е во напредни разговори со неоткриен купувач за продажба на „средно едноцифрен удел“ во неговата компанија, која поседува акции на Мерцедес.
Портпаролот на тимот Мерцедес во Формула 1 не сакаше да ги коментира овие наводи.
„Управувањето со тимот ќе остане непроменето, а сите три партнери (Мерцедес-Бенц, Тото и ИНЕОС) се целосно посветени на успехот на Мерцедес-Бенц во Формула 1“.
Германскиот автомобилски гигант Мерцедес-Бенц, Волф и британската хемиска компанија ИНЕОС моментално поседуваат по 33% удел во тимот, а британскиот милијардер Џим Ратклиф поседува контролен удел.
Во периодот од 2014 до 2021 година, Мерцедес освои осум титули светски шампионски тим, а Луис Хамилтон беше најдобар во пласманот на возачи седум пати, една титула освои и Нико Розберг.
Тимот е на второто место на три трки до крајот на оваа сезона, во која втората последователна титула светски шампион ја обезбеди Мекларен. На последната трка одржана на патеката Интерлагос во Сао Паоло, возачите на Мерцедес го освоија второто (Кими Антонели) и четвртото место (Џорџ Расел).






