Изјавите на Димитиревски ги разлутија челниците на Валенсија

Изјавите на Димитиревски ги разлутија челниците на Валенсија

пред 6 часа

Столе Димитриевски без да извртува зборуваше како гостин во <a href="http://“>„Лазаров подкаст“. За вербалните препукувања со Винисиус Жуниор, понудата од Саудиска Арабија, за неуспешниот договор со Барселона, но и за тоа зошто не брани во Валенсија, каде што пристигна како еден од најдобрите голмани во Примера.

Минатата сезона, македонскиот репрезентативец беше на теренот само девет натпревари, што доведе до тоа да остане без поголем бонус што го следувал ако собере 10 настапи за клубот од „Местаља“.

Иако „Лилјаците“ одиграа неважен натпревар со Бетис во последното коло, Карлос Корберан реши повторно да му даде предност на Мамардашвили, кој веќе беше продаден на Ливерпул, само што остана во Валенсија на позајмица до крајот на сезоната.

Со тој потег, Димитриевски остана без бонусот од 300.000 евра, а ситуацијата не се подобри ниту оваа сезона. Клубот го доведе Хулен Агирезабала на позајмица од Атлетик Билбао, па Столе повторно падна во втор план.

Иако во Рајо Ваљекан беше одличен голман пред да дојде во Валенсија, Димитриевски има само 10 настапи на „Местаља“ за година и пол (оваа сезона само еден во Кралскиот куп).

Димитриевски раскажа дека минатата сезона останал без стартна улога бидејќи Ливерпул одлучил да го остави на позајмица Мамардашвили уште една година, но рече дека бил шокиран кога дознал дека Агирезабала имал клаузула во неговиот договор, според која мора да брани на најмалку 30 проценти од натпреварите, во спротивно клубот ќе мора да палти пенали на Атлетик.

Ваквиот јавен настап на 31-годишникот од Куманово, според „АС“, предизвикал гнев на Местаља. И клупските челници и соиграчите го критикуваат за објавување информации од договорот на еден од неговите соиграчи во медиумите.

Искусниот голман моментално е со репрезентацијата на Македонија, со која ќе игра одлучувачки натпревар против Велс на 18 ноември на гостински терен за пласман во плејофот за Светското првенство.

Сигурно е дека по враќањето во Шпанија, тој ќе има серија разговори со луѓето од Валенсија, но како што наведува локалниот портал „Супердепорте“, можно е Димитриевски намерно да ги вжештил целата ситуација за да го напушти клубот во јануари.

Договорот што го има со Валенсија е со важност до крајот на тековната сезона, но со оглед на тоа што е свесен дека повторно ќе ги следи поголемиот дел од натпреварите на клупата, можно е горенаведените изјави да се дадени намерно за да издејствува раскин на договорот.

Share
Scroll to Top