Хабиб Нурмагомедов, во сабота на УФЦ 254, ќе се бори за титулата во лесна категорија. Противник ќе му биде Џастин Гејџи.
Во пресрет на оваа борба Нурмагомедов ја коментирал најавената борба помеѓу Конор Мекгрегор и Дастин Поирие. Според најавите овие двајца треба да се соочат во јануари наредната година.
„Тие мора да се борат во категоријата до 70 килограми за да заслужат да се борат за појасот. Ако го сакаш шампионскиот појас во лесна категорија, тогаш мораш да се бориш во лесна категорија. Конор и Дастин не го заслужуваат појасот во лесна категорија, доколку имаат борба во категоријата до 77 килограми“, рекол Нурмагомедов.
Хабиб Нурмагомедов во кариерата ги победил овие двајца.