Милевски задоволен од сите фудбалери, незадоволен од состојбата на теренот

Милевски задоволен од сите фудбалери, незадоволен од состојбата на теренот

пред 4 часа

Македонската репрезентација одигра 0:0 на пријателскиот натпревар против Летонија, во последниот тест пред квалификациски дуел со Велс во вторник во Кардиф.

Селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата по натпреварот ги сподели своите впечатоци и изрази задоволство од тоа што тимот го покажа на тактички план, а недостигаше реализација за победа.

„Сè што си поставивме како цел за овој натпревар, освен победата, беше исполнето. Сакав да видам како ќе изгледа екипата во нова формација, со нови тактички задачи и во ситуации на кои досега не сме работеле. Од таа перспектива сум навистина задоволен. Жал ми е што условите за игра не беа подобри. Се надевам дека наскоро ќе се направат напори да играме на поквалитетен терен, за да бидеме поефикасни во завршницата. Во последната третина, кога противникот е поставен во густ блок, потребно е прецизно завршно додавање, а денес против Летонија тоа го немавме. И покрај тоа, создадовме неколку шанси, но не успеавме да ги реализираме. Задоволен сум, сите фудбалери, без разлика дали се стандардни или влегуваат од клупа, ја оправдаа довербата. Тоа ми дава сигурност дека можам да сметам на секој од нив“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Извор/ Фудбалска федерација на Македонија

Share
Scroll to Top