(Фото) Шест патници во автобус загинаа при лизгање на земјиште во централен Виетнам

(Фото) Шест патници во автобус загинаа при лизгање на земјиште во централен Виетнам

пред 4 часа

Најмалку шест лица загинаа во централен Виетнам кога автобус што ги превезуваше беше погоден од свлечиште во недела навечер, објавија државните медиуми.

Свлечиштето наводно е предизвикано од обилните дождови што го погодија подрачјето.

Автобусот, кој превезуваше 32 лица, се движел од Да Лат до На Транг кога се случил инцидентот, објави онлајн весникот VnExpress.

Се наведува дека 19 патници се повредени. Двајца патници биле заробени во автобусот, кој бил делумно затрупан со кал и камења. Властите се на местото на настанот и се обидуваат да ги спасат.

Фотографијата што ја придружува извештајот покажува дел од патот целосно покриен со земја и огромни камења.

Во блискиот Дананг, уште три лица се водат како исчезнати во друго лизгање на земјиштето што се случи во петокот, според VnExpress.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Шест патници во автобус загинаа при лизгање на земјиште во централен Виетнам е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top