Лацио е во криза, газдата побара помош од свештеник

Лацио е во криза, газдата побара помош од свештеник

пред 8 часа

Сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито, повторно ја изненади јавноста.

Лотито реши да се бори против повредите што почнаа да се натрупуваат и лошата форма. Првиот човек на Лацио повика свештеник да ги благослови тимот и теренот.

Кризата во Лацио трае веќе долго време, од поразот од Рома во дербито. Колата едноставно тргна надолу.

Од недела во недела, бројот на повредени играчи се зголемуваше. Во еден момент, десетмина беа на листата на повредени, што ги наруши сите планови на тренерот и стручниот штаб.

За Лотито, тоа беше знак дека мора да се најде алтернативно решение. Убеден дека сè што се случува во последните два месеци е последица на лошата енергија што го опкружува тимот, повика свештеник.

Во петокот, по неколку недели планирање, Лотито беше домаќин на група гости на стадионот, меѓу кои беше и свештеник од кого беше побарано да го благослови теренот и тимот за да добијат „божествена заштита“.

Иако повеќето играчи се опоравија, Лотито не се откажа од идејата да го искористи времето од паузата за репрезентативни натпревари за да ја реализира својата идеја.

Ова не е прв пат Лотито да посегнува по неконвенционални методи, но барањето благослов од свештеник е потег што никој не го очекуваше. Сепак, се чини дека ова е повеќе потег направен од очај.

Иринијата е во тоа што откако тимот доби благослов, Лотито дозна дека Николо Ровела морал да се подложи на операција на хернија.

Share
Scroll to Top