Усик се откажа од титулата во ВБО

Усик се откажа од титулата во ВБО

пред 9 часа

Олександар Усик, апсолутен шампион во тешка категорија, се откажа од титулата на ВБО. Оваа одлука следеше откако организацијата му соопшти дека мора да ја брани титулата Фабио Вордли, кој со тоа автоматски беше промовиран во нов светски шампион, пишува „Скај Спортс“.

Непоразениот Британец Фабио Вордли се стекна со статус предизвикувач откако го победи Џозеф Паркер со импресивен нокаут во 11-та рунда во лондонската „О2“ арена минатиот месец.

Откако Украинецот се откажа од титулата, Вордли беше промовиран во шампион, со што заврши второто владеење на Усик како неоспорен крал во тешката категорија.

Светската боксерска организација (ВБО) ја потврди веста во официјално соопштение:

„Светската боксерска организација денес објави дека добила официјална комуникација од тимот на Олександр Усик во врска со иднината на шампионатот во тешка категорија на ВБО. По внимателно разгледување, Усик одлучи да се откаже од својата титула.

Ја прифаќаме и почитуваме неговата одлука да се откаже од титулата во тешка категорија на ВБО. Ова не е збогум, туку, како што изрази неговиот тим, пауза со почит. Вратата на ВБО секогаш ќе остане отворена за Олександр Усик и неговиот тим“, се додава во соопштението.

Вордли им се придружи на голем број британски светски шампиони во тешка категорија, како што се Даниел Дубоа, Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.

Share
Scroll to Top