Русија привремено ги прекина летовите на аеродромот Краснодар

Русија привремено ги прекина летовите на аеродромот Краснодар

пред 11 месеци

Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ соопшти дека рано утрово привремено ги прекинува летовите на аеродромот Краснодар во јужна Русија за да се обезбеди безбедноста на летовите.

Неофицијалните руски и украински канали на Телеграм објавија серија експлозии низ регионот Краснодар, каде што се наоѓаат нафтениот терминал Новоросијск и рафинеријата Илски.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди неофицијалните извештаи за експлозиите.

фото: принтскрин

Текстот Русија привремено ги прекина летовите на аеродромот Краснодар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top