Британскиот парламентарен комитет: Не сме подготвени да се браниме од инвазија

Британскиот парламентарен комитет: Не сме подготвени да се браниме од инвазија

пред 3 часа

Одборот за одбрана на Долниот дом на британскиот парламент заклучи дека лабуристичката влада многу бавно напредува во исполнувањето на своите обврски во областа на одбраната од обновени закани од Русија и Кина, објави денес британскиот „Телеграф“.

Во извештајот на Комитетот се наведува дека Лондон не ги исполнува своите обврски од член 3 од договорот на НАТО за „одржување и развој на индивидуални и колективни капацитети за спротивставување на вооружен напад“.

Комитетот, исто така, предупреди дека Велика Британија речиси и да нема интегрирани системи за противвоздушна и противракетна одбрана, како и дека нема план за одбрана на својата територија и прекуокеанските територии.

Фото: принтскрин

Текстот Британскиот парламентарен комитет: Не сме подготвени да се браниме од инвазија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top