(Видео) Магијата на Мектомини е подобра и од онаа на Роналдо

(Видео) Магијата на Мектомини е подобра и од онаа на Роналдо

пред 1 час

Шкотска, во вторникот, во спектакуларен меч, со победата над Данска (4:2) избори диретен пласман на Светското првенство.

На „Хемпден парк“ во Глазгов, првиот гол го постигна Скот Мектомини во четвртата минута. Ремек делото на фудбалерот на Наполи и три дена по натпреварот се уште е тема во фудбалскиот свет.

Мектомини го искористи центаршутот на Бен Доук од десната страна и ножички го совлада искусниот Каспер Шмајхел.

Тој гол ѝ го отвори патот на Шкотска до Светското првенство, а статистичарите пресметаа дека Мектомини ја удрил топката на висина од 2,53 метри.

Фактот дека го надминал познатиот потег на Роналдо од четвртфиналето на Лигата на шампионите во сезоната 2017/2018 за 18 сантиметри, доволно зборува каков гол постигна Мектомини.

Мајсторијата на Мектомини ќе се памети како еден од најдобрите голови во историјата на квалификациите за Светското првенство.

Share
Scroll to Top