(Видео) Силно невреме во Грција – тешко погоден туристичкиот остров Крф

(Видео) Силно невреме во Грција – тешко погоден туристичкиот остров Крф

пред 4 часа

Силно невреме со обилни врнежи предизвика големи поплави и штети на северозападот од Грција. Поплавени се подруми и приземја, а патиштата се блокирани поради свлечишта. Во регионот на Јањина наврнале околу 280 милиметри дожд за неколку часа.

Најтешко е погоден островот Крф. Селото Карусаѓес е целосно отсечено, а полициската станица е блокирана од кал. Многу патишта се уништени, а училиштата ќе бидат затворени во понеделник.

Очекувањето е врнежите да продолжат, но со послаб интензитет. Метеоролозите предупредуваат дека штетите се поголеми поради пожарот на северен Крф во 2023 година, кога изгоре голем дел од вегетацијата.

Текстот (Видео) Силно невреме во Грција – тешко погоден туристичкиот остров Крф е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top