Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 16 степени

Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 16 степени

пред 3 часа

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Времето во наредните денови

Од вторник до сабота ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во деновите потоа од северен правец.

Текстот Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 16 степени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top