Четврти концерт на Калиопи во Скопје

Четврти концерт на Калиопи во Скопје

пред 4 часа

По огромниот интерес кај публиката и рекордно распродадените три концерти, Калиопи најавува уште едно незаборавно музичко доживување во Скопје. На 30 декември 2025 година, во магичниот амбиент на Македонската филхармонија, ќе се одржи нејзиниот четврти акустичен спектакл „100% LIVE“.

Овој концерт претставува продолжение на низата ексклузивни настапи со кои Калиопи уште еднаш ја докажува својата автентичност, моќен вокал и неповторлива емоција што со децении ја врзува со македонската публика. Интимниот формат, придружен со врвни музичари, ветува вечер исполнета со најголемите хитови, силни емоции и звук што допира директно до душата.

Публиката ќе има привилегија да ја доживее Калиопи во нејзиното најчисто музичко издание. „100% LIVE“ е концепт кој ги слави вистинските вредности на музиката: живата изведба и непосредната комуникација со публиката, која на секој настап создава посебна магија.

Концертот на 30 декември е вистински подарок за сите љубители на македонската музика и идеален начин да се заокружи годината со уметност која инспирира.

Билетите се веќе достапни преку www.kupikarta.com, како и на продажните места Розе Веро 2, ЈК Травел во Бисер и ЈК Травел Дајмонд.

Линк: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5718

ПР

Share
Scroll to Top