Италијанските медиуми, се занимаваат со идноната на Шарл Леклер во Ферари. Шпекулираат дека тој би можел да го напушти тимот од Маранело.
Возачот од Монте Карло е привлечен од идејата да бара нов почеток во болидот на Астон Мартин, по шест години поминати во Скудерија Ферари. Раководството на британскиот тим разговарало со неговиот менаџер во неколку наврати, дознава експертот за Ф1, Лео Турини.
Неговиот сонародник Џорџо Теруци дознал дека победникот на осум трки во Ф1 е се поблиску до одлуката да го смени тимот.
„Леклер ќе почека, сака да види како ќе поминат првите три или четири трки во 2026 година. Ако резултатите повторно се разочарувачки, тој ќе стане возач на Астон Мартин во 2027 година“, изјави новинарот на весникот „Кориере дела Сера“.
28-годишникот од Монте Карло учествувал на 171 трка во својата кариера, со 50 подиуми, 27 пол позиции и 10 најбрзи кругови. Тој моментално ја зазема петтата позиција во шампионатот, зад водечките Ландо Норис, Оскар Пјастри, Макс Ферстапен и Џорџ Расел.
До крајот на борбата за трофејот, остануваат уште две Гран При трки, во Катар и Обединетите Арапски Емирати.






