Проблем за Реал пред Олимпијакос, Алонсо остана со само еден стопер

Проблем за Реал пред Олимпијакос, Алонсо остана со само еден стопер

пред 60 минути

Реал Мадрид ќе биде хендикепиран вечерва во Атина, против Олимпијакос во петтото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Тимот на Чаби Алонсо, поради лошите резултати (три натпревари без триумф) има императив на победа.

Клубот вчера потврди дека голманот Тибо Куртоа нема да биде во составот поради вирусна инфекција, додека тренерот Чаби Алонсо ќе има на располагање само еден вистински стопер, Раул Асенсио.

Дин Хаусен е надвор од тимот поради проблем со коленото, Антонио Ридигер сè уште не се опоравил од повреда на мускулот, а Едер Милитао е повреден од репрезентативната пауза.

Поради ова, францускиот играч од средниот ред Чуамени повторно ќе мора да влезе на позицијата стопер, позиција што ја покривал во неколку наврати претходно.

Реал Мадрид во моментов има три победи и еден пораз во Лигата на шампионите, додека Олимпијакос е на дното на табелата со два нерешени резултати и два порази.

Тимот од Мадрид одигра нерешено 2:2 со Елче во Ла Лига минатата недела, откако претходно одигра 0:0 против Рајо Ваљекано, а загуби со 1:0 против Ливерпул во Лигата на шампионите.

Пред оваа мини-криза, Алонсо со тимот оствари импресивни 13 победи во 14 натпревари на почетокот од сезоната.

Грчкиот гигант Олимпијакос не може да смета на Александрос Паскалакис и Константинос Ангелакис вечерва. Во составот за дуелот со Реал Мадрид, Олимпијакос особено смета на искуството на Дани Гарсија, кој во текот на својата кариера играше за четири клуба во Ла Лига и добро го познава Реал.

Искуството не завршува со споменатиот дефанзивец. Во тимот е и Ајуб Ел Каби, напаѓач кој постигна 10 гола оваа сезона, вклучувајќи еден во Лигата на шампионите.

Интересно, Олимпијакос никогаш не загубил како домаќин од Реал.

Среда:

Копенхаген – Каират 18.45 часот
Пафос – Монако 18.45
Арсенал – Баерн 21.00
Атлетико (М) – Интер 21.00
Ајнтрахт – Аталанта 21.00
Ливерпул – ПСВ 21.00
Олимпијакос – Реал Мадрид 21.00
ПСЖ – Тотенхем 21.00
Спортинг – Бриж 21.00

Фото/ Принтскрин

Share
Scroll to Top